Почеток!
Секој почеток е тежок, но многу често и возбудлив и инспиративен.
Започнете и Вие нова страна во својот живот. Обидете се да најдете време да пробате што може да ви пружи Карате тренингот. Не се подценувајте, не постои такво нешто како премногу стар или слаб за вежбање Карате. Не се сите каратисти деца, не вежбаат сите каратисти со исто оптеретување. Натпреварувачите, нормално имаат најнапорни тренинзи, рекреативците според своите физички можности и желби за залагање. Каратето е вештина која се учи цел живот и повторно на крајот останува нешто што не сме успеале да го научиме. Концептот на карате тренингот е таков што постепено ќе ве воведе од нај едноставните покрети кон посложените, притоа преку изградениот систем на рангирање ја поттикнува желбата за напредок и вежбање. Нема друг спорт кој толку сеопфатно го зајакнува телото и умот. Во каратето концентрацијата е една од најбитните компоненти и поради тоа постојано се доградува заедно со физичката издржливост, упорност и дисциплина.
Значи се што ви е потребно за почеток е добра воља и малку љубопитност. Останатото препуштете му го на вашиот тренер- учител СЕНСЕИ кој ќе го извлече најдоброто од Вас или Вашето дете и ќе ви го врати повеќекратно зголемено.
ОС.